Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip
Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip
Новости

Oхридската текстилна компанија „Виеми“ е единствена во земјава со автоматизиран систем за производство на облека!

Објавено од Skills 4 Future

Teкстилната компанија „Виеми“ од Охрид слободно може да се каже дека е шампион во усвојување на нови технологии и примена на најсовремени машини во текстилното производство во нашата земја.

Семејната компанија основана од страна на Зоран и Зорка Алексовски, започнува со работа во 2003 година со многу пречки од техничка и финансиска природа, но со обезбедена работа за холандски пазар. Денес Виеми, со околу 200 вработени, е најголема текстилна фабрика во Охрид. Како и сите почетоци, и почетокот на Виеми е неизвесен и со свои подеми и падови, но и многу научени лекции.

Клучната лекција, според Зоран Алексовски, е дека за опстанок во оваа индустрија е неопходна сериозна диверзификација на производниот асортиман на фабриката која и овозможува брза адаптибилност на секоја побарувачка. Од друга страна, таа диверзификација е овозможена од сериозната технолошка опременост на компанијата.

“Ние постојано инвестираме во нови машини и современа технологија која ни овозможува да одговориме на потребите на пазарот без разлика дали се бараат кошули, униформи, мајци и трикотажа, спортска облека или пак заштитни маски во последно време. Со континуирано следење и инвестирање во нови машини успеавме денес да ја задоволиме потребата на странските клиенти кои сакаат во една фабрика да сошијат што поголема лепеза од нивниот асортиман“, објаснува Алексоски.

Определба за континуирано инвестирање во технологија?

Со оглед на тоа дека секоја нова машина си бара и соодветни вештини и обучен кадар, менаџментот на Виеми има специфичен пристап. Велат дека најпрвин целиот менаџерски тим ја поминува обуката која ја спроведуваат производителите или продавачите на опремата, а потоа тие ги обучуваат вработените кои треба да работат и управуваат со таа опрема. Така се намалува ризикот работниот процес да застане при флуктуација на кадар.
Процесот на автоматизација во текстилното производство во светот одамна не е новина. Иако оваа индустрија доминантно се потпира и зависи од човечкиот капитал, извесен процес на автоматизација посебно во сегментот на производство на машки кошули е многу важен и доведува до големи заштеди.
Таков систем е познатиот „Еton shirts“ систем, направен од страна на истоимената шведска фирма за производство на машки кошули. Овој иновативен систем го автоматизира процесот на склопување на машка кошула со една единствена цел– зголемување на продуктивноста на производство на машка кошула.
„Овој систем, кој веќе со децении е докажан во зголемување на продуктивноста, нам ни е доволна гаранција дека во следните 10 години ќе бидеме конкурентни на пазарот. Убедени сме дека со осовременување на технолгијата ќе го издржиме ударот и од конкуренцијата и од зголемувањето на платите во земјава. Тоа беше и нашиот клучен мотив за набавка на овој систем за автоматизација“, објаснуваат од компанијата.

Како функционира овој систем?

„Еton shirts“ е висечки транспортен систем за монтажа на облека. Тој се состои од систем од закачалки, а на секоја закачалка виси една кошула, односно претходно сошиени делови за истата. Секоја закачалка, односно кошула си има свој број и своја историја која овозможува во рана фаза да се детектира дали е направена некоја грешка, кој ја направил истата и тоа парче брзо и ефикасно да се врати на корекција пред да биде склопена и сошиена целата кошула.
Целиот систем се контролира и управува од еден централен компјутер каде се гледаат сите работни станици и лесно, брзо и ефикасно може да се утврди дали и каде има застој. Тоа ги намалува можностите за создавање “тесни грла“ во процесот на склопување на кошулите.
Едноставно кажано овој систем заменува човек кој оди од машина до машина и дели работа, но поважно е е што драстично ја зголемува продуктивноста. За илустрација, кога парчињата од кошулата ќе се закачат на една работна станица, кошулата ќе биде готова за околу два часа. Во традиционалниот начин на производство за оваа операција се потребни пет до седум дена. Предноста е што еден работник си ја работи својата операција и работата до него доаѓа автоматски. Другата важна предност е што кога работникот ќе забележи дека некоја од претходно извршените операции не е добра, тој има право да ја врати кошулата на контрола и доработка. Тоа исто така го подобрува квалитетот на производството но и можноста да се плаќаат пенали за неквалитетни производи.
Виеми веќе три години го користи овој систем. Досегашното искуство потврди најмалку 30% зголемување на продуктивноста во производство на кошули, кои се важен сегмент од работењето на компанијата.

Следењето на технолошките трендови во текстилната индустрија најчесто се одвива на светските саемски манифестации.
„Постојаното инвестирање во нова технологија не направи технолошки најразвиена фирма за конфекција во Македонија. Тоа го сметаме за наша стратешка предност во однос на другите и постојано работиме на овој план. Понатаму ќе продолжиме со уште поголеми инвестиции во нова технологија и со тоа се надеваме дека ќе ја одржиме нашата стабилна стапка на годишен раст“, децидни се од охридски “Виеми“.

Tags: автоматизиран систем, Виеми, индустрија, облека, Охрид, текстилна
Share Post
Домашен експертски тим создаде...
Јавен повик за компании од сек...

Comments are closed

Categories

  • Во Медиумите
  • Новости

Search

Product Tags

Виеми Изонет Нетам Охрид Шкотска автоматизиран систем градежен градежна дата електрична енергија индустрија иновации колектор материјал облека оглас отпаден текстил повик револуција сектор солар сончева енергија софтвер текстилна фб-пам фотоволтаик хардвер јавен

Latest Posts

Иновацијата „Солар Дата Колектор“ на компанијата „Свифт ...

01/06/2021 Коментарите се исклучени на Иновацијата „Солар Дата Колектор“ на компанијата „Свифт Дата“ го проценува сончевиот потенцијал на одредена локација

Јавен повик за компании од секторот на ...

19/03/2021 Коментарите се исклучени на Јавен повик за компании од секторот на текстилна индустрија, модни креатори, ученици, студенти заинтересирани за воведна информативна обука која се однесува на користењето на најновата технологија за 3Д дизајнирање и моделирање

Oхридската текстилна компанија „Виеми“ е единствена во ...

19/03/2021 Коментарите се исклучени на Oхридската текстилна компанија „Виеми“ е единствена во земјава со автоматизиран систем за производство на облека!