Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip
Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip
Новости

Домашен експертски тим создаде иновативен фотоволтаик кој едновремено и произведува и акумулира електрична енергија!

Објавено од Skills 4 Future

Искористувањето на енергијата од сонцето за производство на енергија има огромен потенцијал во земјава. Освен поволните климатски услови и големиот број на сончеви денови кај нас последните две години се развива и иновативна технологија за складирање на сончевата енергија, која досега не е достапна никаде на светскиот пазар. Тоа е иновацијата: паметен фотоволтаичен акумулациски модул- ФВ-ПАМ, кој во себе интегрира најсовремени батерии и управувачка електроника за да може да акумулира енергија, а воедно да може да се користи и како градежен материјал во покривните конструкции.

Според професорот д-р Димитар Димитров од Факултетот за елетротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кој е координатор на проектот, во моментов законската регулатива дозволува поставување на фотоволтаични системи, но еден од главните проблеми за зголемување на инвестиции во обновливи извори на енергија е проблемот со складирањето на вишокот на енергија која се произведува. Со иновацијата, на која тим од наши експерти работи повеќе од две години, се создаде паметен фотоволтаичен акумулациски модул кој во себе интегрира стандарден фотоволтаик со вградени батерии. Батериите се содржани во рамките на фотоволтаикот, во кои има и контролна електроника. Промената на рамките, на иновативниот производ му додава и нова дополнителна функција и да се користи во градежништвото, како водонепропусна покривна површина. Идеен творец на проектот е компанијата „Торакс“, специјализирана за енергетско-ефикасни фасади и покриви, кој го спроведува во соработка со Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ преку Центарот за трансфер на технологии и иновации, ИНОФЕИТ и компанијата „Интебако“.

„Резултат од двегодишната работа е првата пробна серија од овие производи, од кои 15 фотоволтаични модули со вградена батерија се поставени и во дворот на Факултетот. Предноста на овие фотоволтаични системи е што батеријата е сместена во самиот модул, кој е стандарден. Во рамките на истражувањето, проверивме во бази на податоци и патенти, каде не сретнавме сличен или ист во светот. Постојат решенија кои се поскапи и не можат да му конкурираат на нашето. Почната е и постапката за патентирање, во која поторно беа проверени базите на податоци и патенти и по две години, на светскиот пазар не постои ништо слично“, вели проф. Димитров.

Примената на паметен фотоволтаичен акумулациски модул, иновација содадена во проект поддржан од Фондот за иновации и развој, е универзална. Предноста на овие фотволтаици, според проф. Димитров, е да се примени на објекти, заради можноста да се инсталираат како водонепропусни покривни површини, но можат да се користат и во централи во отворено поле, а можат да ги користат и домаќинства и големи производители. При функционирањето, класичните фотоволтаични системи во електроенергетските мрежи создаваат варијации на напонот. Со тоа бројот на вакви инсталирани системи е ограничен. Можноста за акумулирање на електричната енергија и нејзиното управување го надминува ова ограничување и не само тоа – туку може да го зголеми и капацитетот на мрежата за поврзување на нови потрошувачи. На ваков начин значително може да се намали инвестицијата за приклучок на фотоволтаичниот систем со електро-енергетската мрежа, што значи дека инвеститорите во вакви системи ќе имаат бенефит.

Корисници на ФВ-ПАМ би можеле да бидат снабдувачите со електрична енергија, затоа што во своето портфолио во себе содржат централи кои можат да ја балансираат набавената и потрошената електрична енергија и со тоа да ги намалат трошоците во тековното работење. Понатаму, корисници можат да бидат потрошувачите кои може да калкулираат во кој момент да ја даваат или земаат енергијата, зависно од моменталните тарифи. Градежните фирми се други потенцијални корисници при што ќе монтираат кровни конструкции, кои воедно генерираат и акумулираат енергија.
Во моментов две компании се заинтересирани да ги вградат овие модули во своите објекти, а продуктот е создаден за да го освојува светскиот пазар. Тој очекува патентот да го откупи голема компанија која ќе го пласира насекаде во светот преку своите продажни канали.

Повеќе информации за ФВ-Пам на https://www.fvpam.mk/

Tags: електрична енергија, иновации, фб-пам, фотоволтаик
Share Post
Јавен повик за компании од сек...
Oхридската текстилна компанија...

Comments are closed

Categories

  • Во Медиумите
  • Новости

Search

Product Tags

Виеми Изонет Нетам Охрид Шкотска автоматизиран систем градежен градежна дата електрична енергија индустрија иновации колектор материјал облека оглас отпаден текстил повик револуција сектор солар сончева енергија софтвер текстилна фб-пам фотоволтаик хардвер јавен

Latest Posts

Иновацијата „Солар Дата Колектор“ на компанијата „Свифт ...

01/06/2021 Коментарите се исклучени на Иновацијата „Солар Дата Колектор“ на компанијата „Свифт Дата“ го проценува сончевиот потенцијал на одредена локација

Јавен повик за компании од секторот на ...

19/03/2021 Коментарите се исклучени на Јавен повик за компании од секторот на текстилна индустрија, модни креатори, ученици, студенти заинтересирани за воведна информативна обука која се однесува на користењето на најновата технологија за 3Д дизајнирање и моделирање

Oхридската текстилна компанија „Виеми“ е единствена во ...

19/03/2021 Коментарите се исклучени на Oхридската текстилна компанија „Виеми“ е единствена во земјава со автоматизиран систем за производство на облека!