Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip
Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip
Новости

Јавен повик за компании од секторот на обновливи извори на енергија заинтересирани за воведна информативна обука за новите занимања кои се однесуваат на хибридните фотоволтаични и термални колектори

Објавено од Skills 4 Future

Институција која огласува: Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, во партнерство со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, а со поддршка на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Рок за пријавување: 15.03.2021

Јавниот повик се објавува во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, во партнерство со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија

ЈАВЕН ПОВИК

до заинтересирани компании од секторот за обновливи извори на енергија

Се повикуваат компании од  секторот за обновливи извори на енергија кои се заинтересирани за воведна  информативна обука  за новите занимања во секторот  кои се однесуваат на хибридните фотоволтаични и термални колектори   да се пријават на јавниот повик и да изразат интерес за учество. На оваа  обука можат да учествуваат и повеќе вработени лица од пријавената компанија (максимум до 3 учесници).

Обуката  има за цел да ги информира учесниците  кои вештини, знаења и способности им се потребни за новите занимања и кои се работните процеси на оперативно ниво.

Пријавувањето ќе се одвива по принципот прв-пријавен-прв-услужен до искористување на расположливите места за воведната обука која ќе се одвива онлајн. Предност ќе им се даде на компании чиј  менаџмент ќе покаже интерес за новите занимања во овој сектор и кој  ќе се обврзи дека обучените лица ќе се вклучат во следните обуки од секторот поврзани со новите занимања. Воедно се очекува од менаџментот на компаниите да се заинтересирани за  вклучување во евентуални идни пилот програми за средно стручно образование на темата со можност за обезбедување на пракса во компанијата.

Компаниите  својот интерес за учество  можат да го пријават ТУКА.

Обуката ќе биде реализирана од експерти  од  Меѓународниот институт за трансфер на знаења од Република Словенија и Камел солар од  Република Северна Македонија.

Детални информации можат да се добијат на контакт телефон: 072/261-345, како и на веб страницата www.mk.undp.org и на специјализираниот портал: www.skills4future.mk .

Tags: јавен, оглас, повик
Share Post
Со „Изонет“, изолационен граде...
Домашен експертски тим создаде...

Comments are closed

Categories

  • Во Медиумите
  • Новости

Search

Product Tags

Виеми Изонет Нетам Охрид Шкотска автоматизиран систем градежен градежна дата електрична енергија индустрија иновации колектор материјал облека оглас отпаден текстил повик револуција сектор солар сончева енергија софтвер текстилна фб-пам фотоволтаик хардвер јавен

Latest Posts

Иновацијата „Солар Дата Колектор“ на компанијата „Свифт ...

01/06/2021 Коментарите се исклучени на Иновацијата „Солар Дата Колектор“ на компанијата „Свифт Дата“ го проценува сончевиот потенцијал на одредена локација

Јавен повик за компании од секторот на ...

19/03/2021 Коментарите се исклучени на Јавен повик за компании од секторот на текстилна индустрија, модни креатори, ученици, студенти заинтересирани за воведна информативна обука која се однесува на користењето на најновата технологија за 3Д дизајнирање и моделирање

Oхридската текстилна компанија „Виеми“ е единствена во ...

19/03/2021 Коментарите се исклучени на Oхридската текстилна компанија „Виеми“ е единствена во земјава со автоматизиран систем за производство на облека!