Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip
Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip
Новости

Јавен повик за компании од градежниот сектор заинтересирани за вовед во BIM (Building Information Modeling) технологија

Објавено од Skills 4 Future

Институција која огласува: Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, во партнерство со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, а со поддршка на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Рок за пријавување: 22.01.2021

Јавниот повик се објавува во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, во партнерство со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија

ЈАВЕН ПОВИК

до заинтересирани компании од градежниот сектор

BIM (Building Information Modeling) во контекст на градежната индустрија означува процес на дизајн, изградба и одржување на градежни објекти преку користење на добро структурирани дигитални информации до кои сите потребни страни треба да имаат пристап. BIM е, пред сѐ, начин на работа. Збирот на информации е познат како „информациски модел“ кој се користи за информирање во сите фази на животниот циклус на еден градежен објект: од самиот почеток до одржување и обновување.

Се повикуваат компании од градежниот сектор кои се заинтересирани за воведно запознавање и учество на 4 воведни сесии за BIM (Building Information Modeling) да се пријават на јавниот повик и да изразат интерес за учество. Воведните сесии и обуките можат да бидат наменети за повеќе вработени лица од пријавената компанија (максимум до 3 учесници).

Пријавувањето ќе се одвива по принципот прв-пријавен-прв-услужен до искористување на расположливите места за воведните обуки/сесии кои ќе се одвиваат онлајн. Предност ќе им се даде на компании чиј највисок менаџмент ќе покаже интерес за темата за BIM, ќе се обврзат дека ќе задржат и унапредат дел од обучените лица и ќе покажат интерес за вклучување на евентуални идни пилот програми за средно стручно образование на темата со можност за обезбедување на пракса во компанијата.

Заинтересираните работодавачи својот интерес за учество можат да го пријават ТУКА

Предвидено е обуките да се реализираат преку Шкотскиот градежен иновациски центар кој се основан од Edinburgh Napier University.

Детални информации можат да се добијат на контакт телефон: 072-261-345, како и на веб страницата на УНДП и на специјализираниот портал: www.skills4future.mk .

Tags: јавен, оглас, повик
Share Post
Една поинаква текстилна приказ...
Како Шкотска направи „иновацис...

Comments are closed

Categories

  • Во Медиумите
  • Новости

Search

Product Tags

Виеми Изонет Нетам Охрид Шкотска автоматизиран систем градежен градежна дата електрична енергија индустрија иновации колектор материјал облека оглас отпаден текстил повик револуција сектор солар сончева енергија софтвер текстилна фб-пам фотоволтаик хардвер јавен

Latest Posts

Иновацијата „Солар Дата Колектор“ на компанијата „Свифт ...

01/06/2021 Коментарите се исклучени на Иновацијата „Солар Дата Колектор“ на компанијата „Свифт Дата“ го проценува сончевиот потенцијал на одредена локација

Јавен повик за компании од секторот на ...

19/03/2021 Коментарите се исклучени на Јавен повик за компании од секторот на текстилна индустрија, модни креатори, ученици, студенти заинтересирани за воведна информативна обука која се однесува на користењето на најновата технологија за 3Д дизајнирање и моделирање

Oхридската текстилна компанија „Виеми“ е единствена во ...

19/03/2021 Коментарите се исклучени на Oхридската текстилна компанија „Виеми“ е единствена во земјава со автоматизиран систем за производство на облека!