Полин предава на Бизнис школата Стретклајд. Нејзината истражувачка работа се фокусира на вештините, работното место и работниот живот – особено вештините, користење на вештините и екосистеми на вештини, транзиции на пазарот на труд, социјална мобилност, пристојна/правична работа, иднината на работата и нови/зелени работни места.
Нејзиното истражување е фокусирано на јавните политики. Неодамна беше член на експертската советодавна група на ОЕЦД на проектот „Подобро искористување на вештините на работното место“, а во моментов е член на експертската група „Акциски план за вештини за вонредни климатски услови“. Член е на одборот на Центарот за учење на работното место, чија цел е да биде двигател на културолошките промени и да создаде побарувачка за учење на работното место во Шкотска. Центарот го основаше Агенцијата за развивање на вештини во Шкотска за да се влијае врз политиките, практиките и перцепцијата за учење на работното место.
Пред да почне да работи во академските кругови, Полин 15 години работеше во волонтерскиот и јавниот сектор, има докторат за управување со човечки ресурси и е дипломиран индустриски психолог. Вклучена е во проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање на нови и подобри работни места“ (со д-р Маргарет Хоторн) како меѓународен консултант задолжен за проценка на потребите од вештини во градежниот, текстилниот и секторот на обновлива енергија.