Целта на проектот е да се осврне на дел од суштинските проблеми со невработеноста и да го премости „јазот кај вештините“ во три клучни сектори во Северна Македонија – текстилниот и градежниот сектор, но и да се осврне на обновливите извори на енергија, преку дизајнирање и тестирање на модели за обука, вклучително и за пост-средно образование и неформална обука. Проектот ќе ги земе предвид клучните демографски групи, како што се младите кои почнуваат да работат, долгорочно невработените и веќе вработени лица, на кои им се потребни можности за стекнување вештините што им се потребни за да напредуваат во приватниот сектор.
Развоен предизвик
Стапката на невработеност во Северна Македонија од 17,8% во првиот квартал од 2019 е висока споредено со просекот во ЕУ од 6,2% и просекот во Западен Балкан од 15.3%. Неодамнешниот пад на стапката на невработеност делумно се должи на отворање на нови работни места, но и на емиграцијата и повлекувањето на обесхрабрените работници од пазарот на труд. Учеството во работната сила со 57,1% за целото населението и 46,7% за жените е, исто така, меѓу најниските во Европа. Ситуацијата е особено тешка за младите лица на возраст од 15-24 години. Стапката на невработеност за оваа група беше 34,9% во вториот квартал од 2019.
Огромен јаз кај вештините
Работодавачите во различни сектори се жалат дека не можат да најдат работници за да го одржат моменталното ниво на производство, а уште помалку да ги прошируваат своите капацитети. ЕВН, компанијата за електрична енергија во австриска сопственост, изјави дека енергетскиот сектор може веднаш да вработи најмалку 500 електромонтери (овој сектор може да се смета за дополнителен). Директорите во текстилната индустрија изјавуваат дека се двоумат да воведат нови технологии бидејќи во земјата нема специјализирани техничари што можат да ја одржуваат или поправаат таа опрема. Предвидениот моделот за обука треба да ги земе предвид овие недостатоци и да обезбеди добар модел што ќе се осврне на ова прашање. Градежната индустрија бара да вработи 600 специјализирани градежни техничари во текот на следната година. Од разговорите со работодавачите во приватниот сектор може да се види дека ситуацијата е толку загрижувачка што тие предложија да се стави мораториум на поттикнување нови странски директни инвестиции додека не се реши проблемот со недостигот на вештини во овие сектори.
Гасификацијата е уште еден предизвик со кој се соочува земјата. Тоа подразбира дека образованиот систем треба да се подготви за новите занимања кои ќе се осврнуваат на обновливите избори на енергија и заштита на животната средина.
Овој недостиг на вешти и квалификувани работници не само што ја ограничува можноста на Северна Македонија да генерира повеќе и поквалитетни работни места за младите, туку го забавува и можното зголемување на продуктивноста, а со тоа и транзицијата на земјата кон стопанство што може да биде конкурентно на пазарот во ЕУ.
Цели на проектот
Резултат: До 2020 г. повеќе мажи и жени ќе можат да го подобрат својот живот така што ќе најдат пристојно и одржливо вработување во конкурентната економија со многу работи места.
Во тесна соработка со Министерството за образование и наука (МОН), очекуваните резултати од проектот ќе се постигнат преку четири активности:
- Мапирање на клучните актери, со фокус на врските и недостатоците меѓу образованието и вработувањето
- Проценка на вештини за дадени сектори
- Модел за пост-средно образование
- Политика и модалитети за спроведување на регионален центар за СОО
Стратегија
Целта на проектот е да ги запознае компаниите во одбраните сектори со можната динамика на пазарот на трудот и да сподели сознанија за секторите и побарувачката на вештини, што се предвидува дека ќе расте во иднина.
Да се пилотира платформа за проценка и задоволување на потребите од работна сила
Проектот ќе пилотира платформа со цел да се соберат на едно место бизнисите, носителите на политики и професионалците за развој, за да истражат и најдат применливи решенија за заедничките предизвици со кои се соочуваат локалните бизниси. Платформата ќе се користи за да се поддржат фирмите во трите индустриски сектора – градежен и текстилен, обновливи избори на енергија, за да се дискутира и договори можен нов модел за надминување на недостигот со вештини, кој станува една од најголемите пречки.
Да се дизајнира модел на Регионален центар за СОО
Целта на проектот е да се осврне на дел од суштинските проблеми со невработеноста и да го премости „јазот со вештините“ преку дизајнирање и тестирање на модели за обука, вклучително пост-средно образование и Регионален центар за СОО. Откако ќе се идентификуваат потребните вештини кои недостасуваат, проектот ќе процени кои се најдобрите пристапи за усогласување на вештините, меѓу кои е и дизајнирање на модел за Регионален центар за СОО, или во постоечко средно стручно училиште или во приватни компании.
Да се изработат програми за образование на возрасните согласно побарувачката на работна сила
Проектот ќе ги разгледа можностите за обезбедување на пост-средно образование преку развивање на програми за обука што ќе бидат прилагодени на потребите за учење на возрасните, согласно работата во приватниот сектор. Ова ќе биде корисно и за веќе вработените лица кои имаат потреба да ги усовршат своите вештини и да бидат унапредени на поквалитетни работни места.
Научените лекции да се преточат во образовните политики
Лекциите научени од спроведувањето на овој проект ќе бидат преточени во препораки за Министерството за образование и наука, кое е клучен национален партнер во проектот, а кои ќе се вклучат во измената на политиките кои се однесуваат на пост-средното образование и реформите во системот за стручно образование. Предложените модели треба да ги препознаат постојните правни пречки за нивно целосно спроведување и да ги утврдат потенцијалните области за подобрување.