Наташа Јаневска е магистер за управување со човечки ресурси и има големо искуство како независен советник за образование. Работела како државен советник во Министерството за образование и наука за образовни политики и Националната рамка на квалификации (НРК). Исто така, г-а Јаневска била координатор на работната група за развивање и спроведување на НРК, член на Националниот одбор за НРК, член на советодавната комисија за стручно образование и обука на Европската комисија, претседател на советот за спроведување на стратегијата за стручно образование и обука во контекст на доживотно учење, и член на работната група за модернизација на постсредното образование. Во проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање на нови и подобри работни места“ е ангажирана како национален консултант за анализа на состојбата во постсредното образование.