Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip
Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip

Нилс Хадеруп Кристенсен

Меѓународен експерт

Г. Нилс Хадеруп Кристенсен, МБА, е меѓународен експерт во проектот на УНДП и на Британската влада „Премостување на јазот кај вештините за создавање на нови и подобри работни места“. Тој има повеќе од 30 години искуство во постсредното и стручното образование и обука на национално и меѓународно ниво. Во повеќе наврати им помагал на владите во балканските земји како експерт за реформи во стручното образование и обука и образованието на возрасни, преку Europeaid, Европската фондација за обука (ЕТФ), Меѓународната канцеларија на труд (ИЛО), Kreditanstalt für Weiteraufbau (KfW) и програми финансирани од УНДП во Косово, Хрватска, Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Г. Кристенсен има 20-годишно искуство како предавач, шеф на катедра и член на управата на Данскиот регионал центар за СОО, го предводел развивањето и спроведувањето на повеќенаменските регионални центри за СОО во Албанија од 2016-2018 и во повеќе наврати учествувал во меѓународни истражувања, на пример за ЕТФ, ИЛО и  KfW за различни аспекти на реформи во СОО.

#