Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip
Menu
  • Дома
  • За проектот
  • Новости
  • Публикации
  • Предавачи
  • Галерија
  • Видео Галерија
  • Контакт
  • English
  • Shqip

Игор Панчевски

Консултант

Игор Панчевски е инженер по електроенергетика кој ги развива своите професионални вештини во енергетскиот сектор повеќе од 15 години. Тој е обучувач на ревизори за енергетика, општини и НВО. Игор има искуство со работа на ЕУ проекти како проектен координатор за ИЕЕ програми како и за ИПА прекугранична соработка. Работи како консултант за енергетска ефикасност и обновлива енергија на националните институции како Агенцијата за енергетика и на локалните власти (општините) за подготовка на стратешки документи, тригодишни програми за енергетска ефикасност, акциски планови. Исто така, тој е член на работната група што ја подготвува наставната програма за ревизори за енергетика. Игор учествувал и во обуки во општините за управување со енергија и градење на капацитети на нетехничкиот персонал, а бил директно вклучен и во подготовка и спроведување на ЕУ проекти, како BuildUpSkills столб 1, 2 и TRAIENEE 2.

Во последните три години тој е технички експерт за Македонија, Србија, Косово и Албанија на ЕБОР за проектот Инструмент за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (WB GEFF). Проектот е инструмент за натамошно позајмување од 85 милиони евра чија цел е да ги поддржи инвестициите во зелените технологии и мерки во Западен Балкан.

Клучни квалификации

  • Консултант за управување со енергија, специјализиран за зелени технологии: обновлива енергија (ОЕ) и енергетска ефикасност (ЕЕ)
  • Дизајнирање, спроведување и мониторинг (верификација) на мал систем за обновлива енергија и енергетска ефикасност
  • Обучувач на ревизори за енергетика
  • пазарно истражување за продор на технологиите за ЕЕ
  • оперативно управување со мултикултурни тимови
  • обемно иксуство во инженерски проекти финансирани од ЕК, ЕБОР, ГИЗ, СДЦ, ЕБОР БАС
  • Експерт евалуатор за ЕУ програмата за енергетска ефикасност Хоризонт 2020
  • билатерални програми за енергетска ефикасност и обновлива енергија
  • Подготовка на македонскиот Национален енергетски биланс
  • 2011 – 2014: одговорен за транспонирање на директивите за енергетика во Агенцијата за енергетика на Република Македонија
  • развивање стратегии, акциски планови и извештаи за енергетска ефикасност и обновлива енергија