Маргарет е искусна консултантка која работела во различни сектори, како јавниот сектор, универзитети и колеџи. Во 2019 г. го дизајнираше моделот за вештини за Националниот институт за производство на Шкотска (НМИС) со д-р Полин Андерсон, а во моментов е вклучена во два проекти: како меѓународен консултант задолжен за проценка на потребите од вештини во градежниот, текстилниот и секторот на обновлива енергија во проектот на УНДП „Премостување на јазот кај вештините за создавање на нови и подобри работни места“ (со д-р Полин Андерсон); и „Ревизија на наставата за правична работа во шкотските бизнис училишта“ – со Институтот за истражување на вработувањето при Универзитетот Ворик.
Маргарет работела на колеџи и универзитети 20 години во различни области: ИТ/компјутери, реализација на квалификација за наставници на колеџ, истражувач во Центарот за истражување и доживотно учење, и менаџер за партнерства со други образовни институции. Почна да работи во јавниот сектор во Агенцијата за развивање на вештини во Шкотска, прво како програмски менаџер за вработливост, а потоа и како програмски менаџер во Центарот за учење на работното место. Има долгогодишно искуство со раководење стратешки проекти и програми во различни дисциплини.
Нејзината истражувачка работа е фокусирана на системот за стручно образование, критичка педагогија, транзиција, признавање на испити од различни институции, учење преку работа, признавање на претходно учење, развивање вештини, екосистеми на вештини, правична работа, иднината на работата и нови/зелени работни места.