Игор Панчевски е инженер по електроенергетика кој ги развива своите професионални вештини во енергетскиот сектор повеќе од 15 години. Тој е обучувач на ревизори за енергетика, општини и НВО. Игор има искуство со работа на ЕУ проекти како проектен координатор за ИЕЕ програми како и за ИПА прекугранична соработка. Работи како консултант за енергетска ефикасност и обновлива енергија на националните институции како Агенцијата за енергетика и на локалните власти (општините) за подготовка на стратешки документи, тригодишни програми за енергетска ефикасност, акциски планови. Исто така, тој е член на работната група што ја подготвува наставната програма за ревизори за енергетика. Игор учествувал и во обуки во општините за управување со енергија и градење на капацитети на нетехничкиот персонал, а бил директно вклучен и во подготовка и спроведување на ЕУ проекти, како BuildUpSkills столб 1, 2 и TRAIENEE 2.
Во последните три години тој е технички експерт за Македонија, Србија, Косово и Албанија на ЕБОР за проектот Инструмент за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (WB GEFF). Проектот е инструмент за натамошно позајмување од 85 милиони евра чија цел е да ги поддржи инвестициите во зелените технологии и мерки во Западен Балкан.
Клучни квалификации
- Консултант за управување со енергија, специјализиран за зелени технологии: обновлива енергија (ОЕ) и енергетска ефикасност (ЕЕ)
- Дизајнирање, спроведување и мониторинг (верификација) на мал систем за обновлива енергија и енергетска ефикасност
- Обучувач на ревизори за енергетика
- пазарно истражување за продор на технологиите за ЕЕ
- оперативно управување со мултикултурни тимови
- обемно иксуство во инженерски проекти финансирани од ЕК, ЕБОР, ГИЗ, СДЦ, ЕБОР БАС
- Експерт евалуатор за ЕУ програмата за енергетска ефикасност Хоризонт 2020
- билатерални програми за енергетска ефикасност и обновлива енергија
- Подготовка на македонскиот Национален енергетски биланс
- 2011 – 2014: одговорен за транспонирање на директивите за енергетика во Агенцијата за енергетика на Република Македонија
- развивање стратегии, акциски планови и извештаи за енергетска ефикасност и обновлива енергија